Страшна сообраќајка пред Битола: Петмина загинати и двајца повредени

Вечерва нешто околу 21:00 часот кај Лознани битолско се случи тешка сообраќајна несреќа во која пет луѓе загинаа, а двајца патници се тешко повредени и се пренесени на клиниката во Битола на одделението за интензивна нега, јавува битолска ТВ Тера.  Од СВР Битола за Тера ја потврдија информацијата. Незгодата се случила на новиот пат Битола- Прилеп. Клучката на влезот на Битола е затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.

04.05.2014 - 22:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега