Вооружен судир во ресторан- двајца мртви а двајца повредени

Две лица се убиени a двајца се повредени во вооружен судир во косовското село Милошево, во општина Обилиќ.

 

Инцидентот се случил синоќа, по полноќ, во ресторанот „Шега“ во Милошево, потврди косовската полиција.

 

Полицијата трага по осомничените.

 

Нема информации за убиените. Двајцата повредени, сопственикот на ресторанот и неговиот син, се пренесени на лекување во Приштина.

05.05.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега