Две бродчиња со имигранти се превртија во Егејско Море- две лица загинати

Две лица се удавиле, а триесетина се водат како исчезнати по превртување на две бродчиња во Егејско Море, соопшти денеска грчката крајбрежна стража.

Околу 65 мигранти од различна националност се обиделе да преминат од Турција во Грција преку Егејско Море, кога нивните две бродчиња се превртеле во близина на грчкиот остров Самос.

Грчката крајбрежна стража од морето спасила 36 мигранти, а ги извлекла и телата на двете жртви. 

05.05.2014 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега