ПРЕСВРТ: Жерновски му го врти грбот на СДСМ?

Лиерално-демократската партија на Андреј Жерновски се мисли дали да го поддржи ставот на СДСМ за неприфаќање на мандатите и непризнавање на резултатите од двојните избори, пишува Република. 
Партијата се уште нема донесено конечна одлука иако тоа беше најавено дека ќе се случи на Извршниот одбор на партијата и дека ќе биде потврдено на Централниот одбор кој беше закажан за 30 април. Сепак, до сега тоа не се случило. 
Бобан Јанкоски, еден од кандидатите за пратеник од ЛДП за Република ја потрди информацијата.

-Вечерва ќе знаеме дали ќе ги прифатиме мандатите. ЛДП вечерва ќе донесе одлука по ова прашање, прво ба Извршен, па на Централен – вели Јанкоски за Република.

Тој не сакал ниту да го сопшти својот став, дали ќе го прифати пратеничкиот мандат кој го доби на изборите.

-Сакам одлуката да ја соопштам прво на Извршен, изјавил Јанкоски.

05.05.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега