Филе во Србија: Членството во ЕУ е реалност

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска во Белград дека Брисел го поддржува европскиот пат на Србија и нагласи дека на тој пат има три главни приоритети, економското заздравување на земјата и реформите, воведување на владеењето на правото и нормализирање на односите со Приштина.

- Пред неколку дена ја одбележавме десетгодишнината од најголемото проширување на ЕУ. Европската интеграција на Србија во 2004 година изгледаше како далечна иднина, а денес тоа е очигледен процес. Уверен сум дека Србија има способност таа можност  да ја направи реалност, нагласи Филе.

Српскиот претседател Томислав Николиќ истакна дека Филе е човек кој за време на неговиот мандат ја изменил сликата за Србија и постојано јасно ја изразувал својата посветеност и поддршката земјата да стане членка на ЕУ и другите држави да ги повлече со себе.

- Не очекувам дека ЕУ на кој било начин ќе го запре тоа што Србија го постигна во европските интеграции. Персоналните решенија се на ЕУ, а исполнувањето на обврските се на нас, порача Николиќ.

05.05.2014 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега