"Давај ги парите ако ти е мил животот" - ограбена аптека на Зегин

Доцна синоќа била ограбена аптека на Зегин лоцирана на улицата „Московска“. 

Насилникот кој бил маскиран, со закана со нож од вработената одзел 12.100 денари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

05.05.2014 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа