Министер го оштети буџетот за 3,55 милиони евра

Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ ја оштетил државата за 27 милиони куни. Како што тврди Јутарни лист, Линиќ, кој е еден од најблиските соработници на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, лично ја потишал одлука за пребивање на даночен долг на словенечката фирма „Спачва“ од 33 милиони куни (4,3 милиони евра) со замена за земјиште.

Документите кои ги поседува „Јутарњи лист“ потврдуваат дека Линиќ лично ја донел и ја потпишал одлуката врз основа на која Министерството за финансии загубило најмалку шест милиони куни (790.000 евра), а вкупната штета би можела да се искачи и до 27 милиони куни.

Станува збор за најголема афера на актуелната Влада.

05.05.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега