Пратениците на СДСМ сепак ќе седнат во Собранието?

Државната изборна комисија едногласно го изгласа извештајот за спроведените парламентарни и претседателски избори. Заедно со гласовите на претставниците на опозицијата, вклучувајќи го претседателот Рилковски  ДИК  го констатира изборот на сите 123 мандати, вклучувајќи ги и оние 34 кои граѓаните и ги доверија на опозицијата.

Со овој потег ДИК ја потврди легитимноста на спроведените избори, што беше и заедничка оценка на меѓународниот фактор претставен преку, ОБСЕ и САД.

Наспроти ова, партискиот портпарол на СДСМ уште еднаш, овој пат преку социјалните мрежи ја потврди одлуката на Централниот одбор на СДСМ додавајќи доза цинизам во сопствената оценка дека демократијата ја покажала сета своја убавина, а мандатите, граѓаните си ги добиле назад.

Експресно следеа коментари дека на овој начин, социјалдемократите по кој знае кој па згазија врз волјата на граѓаните и им удрија шлаканица на сите оние кои решија да им ја дадат поддршката на овие избори.

Извори од Бихаќка  велат дека играта топло-ладно која ја практикува СДСМ е само обид да се купи време до одржувањето на Конгресот и обезбедувањето на претседателската позиција на Заев.

Тие коментираат дека фактот што претставниците на СДСМ во ДИК ги потврдија мандатите и гласаа за одлуката доволно зборува за тоа дека СДСМ си остава простор за ретерирање од позицијата на бојкот, што сама по себе претставува преседан во ситуација на демократски спроведени избори.

Целата поддршка за Заев, како што веќе објави Сител во моментов доаѓа од Црвенковски, човекот кој е креатор на политиката на бојкот и кој ги држи сите рекорди во блокада на институциите.

Експертите коментираат дека од ваквото сценарио на СДСМ во кое како влог се ставаат интересите на целата држава, освен најтесното раководство, корист има и јужниот сосед кому најмногу му одговара стагнција на Македонија и креирање проблеми  кои создаваат слика дека земјата нема демократски капацитет за да се приклучи во Европската Унија.

Потврда за ова веќе стигна преку страниците на грчките весници кои се полни со оценки кои се речи си идентични со оние кои ги соопштува македонската опозиција

 

 

06.05.2014 - 23:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега