Жерновски во паника да не го снајде судбината на Заев

Жерновски е во вистинска паника по најавата на премиерот Груевски по изборната победа дека ВМРО-ДПМНЕ во периодот што претстои ќе и се посвети целосно на општина Центар. Жерновски својот страв дека на следните избори може да му се случи она што Заев го доживеа на овие избори во Струмица, го поделил со американскиот амбасадор Пол Волерс.

“Од моја страна беше отворено прашањето – што мислеше премиерот на прес конференцијата и прославата по изборите и што значеше неговата порака дека сега целосно ќе се посвети на општина Центар, бидејќи ја сфатил пораката од граѓаните. Се надевам дека новата тактика на премиерот нема да биде продолжување на притисокот врз општина Центар, бидејќи ваквото дејствување носи штета не само за неговата партија, туку и за граѓаните на општина Центар“, изјави градоначалникот Жерновски по средбата со амбасадорот на САД, Волерс, стои во соопштението испратено од општина Центар.

Груевски по победата на 27 април рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја сфати пораката од граѓаните и дека ќе се посвети на општината, во насока да ја придобие својата поддршка. ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори за прв пат во последните неколку изборни циклуси освои повеќе гласови од СДСМ во општина Струмица, место кое важеше за бастион на опозицијата.

06.05.2014 - 23:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега