Фетел: Годинава не се снаоѓам најдобро- болидот не го прави тоа што го сакам јас

Возачот на Формула 1 Себастијан Фетел признава дека не се снаоѓа добро  со овогодишниот RB10 болид на Ред Бул.

Тој лошо ја отвори сезоната, откако поради технички проблеми со неговиот болид мораше да се откаже на првата трка во Мелбурн, Фетел го освои третото место во Малезија, но потоа доживеа и два порази на следните две трки од својот клубски колега Рикиардо, нешто што јасно покажува дека Германецот се мачи во новиот болид.

- „Во однос на минатата сезона, впечатокот е многу полош. Болидот не го прави тоа што го сакам јас. При сопирањето и свиоците апсолутно немам самодоверба“, истакна разочараниот Фетел.

07.05.2014 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега