Министерството за финансии враќа над 11 милиони евра во стопанството

Министерството за финансии денеска враќа 6,95 милијарди денари во стопанството по основ доспеани државни хартии од вредност.

Вчера на аукција беа запишани 6,26 милијарди денари, што значи дека денеска се враќаат 684 милиони денари (11,1 милиони евра) повеќе отколку што вчера беа повлечени. Ова се свежи средства кои Владата ги става на располагање за да се  подобри ликвидноста на стопанството, односно средства кои банките може да ги пласираат како кредити на фирмите.

Владата и Министерството остануваат посветени на зголемување на ликвидноста на домашниот пазар на капитал за бизнисот. Пред два месеци се обезбедени 100 милиони евра кредити по субвенционирана камата за малите и средни фирми од Европската инвестициска банка.

 

 

07.05.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега