Милетиќ: Саздовски од ГРОМ ме излажа, требаше да ми го даде мандатот

Лидерот на македонската Српска напредна странка Драгиша Милетиќ за Телма телевизија изјави дека Чедромир Саздовски денеска го излажал и го земал уверението за пратенички маднат, иако пред извршниот одбор на ГРОМ се обврзал дека пратеничкиот мандат ќе му го остави нему. 

-Тоа беше таков договор и Чедомир Саздовски тоа го рече пред извршниот одбор и тоа одлучно и отсечно дека ако излезе прв ќе се повлече, меѓутоа си го промени мислењето и сум зачуден затоа што спортисти си држат збор, а тој се прокламира како голем спортист, рече Драгиша Милетиќ.

07.05.2014 - 20:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега