Пијан возач предизвика сообраќајка на патот Неготино-Кавадарци - три лица се повредени

Тешка сообраќајната незгода се случила рано утринава околу 2 часот и 30 минути на патот Неготино-Кавадарци кај местото „Маренски уши“.

До несреќата дошло кога се судриле две патнички моторни возила од кои едното кавадаречко, а другото неготинско.

До незгодата дошло поради неприлагодена брзина според условите на патот и возење под дејство на алкохол на еден од возачите.

Три лица се здобиле со лесни телесни повреди.

најчитано сега