Пендаровски изгоре меѓу Црвенковски и Заев

Вистински хаос владее во СДСМ, по вчерашното интервју на Црвенковски за Дојче Веле. Заев во паника во изјава за Плусинфо побрза да каже дека разговарал со Пендаровски и дека тој не сака да биде претседател на партијата. Поразениот кандидат на СДСМ за претседател на Македонија во изјава за Либертас вели дека е зачуден од изјавите на Заев бидејќи со него воопшто не разговарал. 

„Сакам јавно да изјавам дека во изминатите неколку дена, вклучително и денеска, не сум имал средба ни со Заев ни со Црвенковски, ниту пак некакви разговори за мој иден политички ангажман. Бидејќи не сум дел од партиските тела, органи и структури, сакам да останам дистанциран од сите случувања во СДСМ до Конгресот на 11 мај. Во таа насока, замолувам моето име да не биде инволвирано во внатрепартиски калкулации“ - изјавил Пендаровски за Либертас.

Пендаровски од Црвенковски беше посочен како најдобар кандидат за нов претседател на СДСМ. 

Некоординираност на ставовите, нова политичка игра или пак вистински анимозитет меѓу поранешното и актуелното раководство на СДСМ. На последниот Централен одбор, дел од членовите кои важат за биски до Црвенковски на Заев му го порачаа истото што преку интервју го соопшти поранешниот партиски претседател. 
Заев во нова изјава се дообјаснуваше дека најверојатно не требало да зборува за средбите во четири очи што ги имал со Црвенковски. Во таква ситуација, станува сигурно дека најмалку еден од тројцата не ја зборува вистината. 

08.05.2014 - 11:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега