Му било мачно - Роналдо одигра само 9 минути, а Ваљадолид му ги одзеде двата бода на Реал за титулата

Kristijano Ronaldo, PS

Португалецот на мечот со Ваљадолид почувствува мачнина па побара замена, а тренерот Анчелоти не успеа да стигне до посакуваните три бода. 

Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа против Ваљадолид (1:1) во заостанатиот меч од 34 коло од Шпанската Примера, со што значајно се оддалечија од битката за титулата/ 

Веќе на истекот од деветтата минута, тренерот Карло Анчелоти остана ослабен поради не играњето на Кристијано Роналдо, кој од теренот се пресели на клупата. 

Португалецот нервозно гестикулираше кофа приоѓаше на клуапта за резервни играчи, а според за сега достапните информации на него му се слошило и побарал замена, и најверојатно ова ќе биде крај за него во сезоната во Примера и филането од Лигата на Шампиони против градскиот ривал Атлетико. 

Од 35 минута Реал со голот на Серхио Рамос поведе со 1;0 а во 85 минута Ваљадолид стигна до израмнување со голот на Осорио. 

На две кола пред крајот на Примера, Реал има меч помалку и четири бода помалку од водечкиот Атлетико, а бод од второпласираната Барселона. 

 

 

 

08.05.2014 - 11:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега