Дали СДСМ во понеделник влегува во Собранието?

Дали СДСМ во понеделник ќе се појави на седница во Собранието?. Партиски извори за Press24 велат дека од најголемата опозициска партија испратиле барање конститутивната седница на Собранието да се одржи во понеделник, по Конгресот кој партијата го закажа за во недела.
Дали СДСМ си остава простор за евентуално прифаќање на мандатите или во прашање е некоја друга политичка комбинаторика за сега нема информации. Од ВМРО-ДПМНЕ нема ниту потврда ниту демант за оваа информација. Во СДСМ офицјално остануваат на ставот дека во партијата нема поделеност околу враќањето на мандатите и блокада на институциите. 
Претходно, во медиумите проструи неофицијална информација дека конститутивната седница на Собранието е закажана за во сабота. 

08.05.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега