ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во шизофрена ситуација

Очигледно дека за СДСМ е најдобро да нема борба против корупцијата.

Во времето на СДСМ луѓето кои сега им креираат кој сега ќе им биде претседател, беа кралеви на корупцијата, а корупцијата беше начин на живот.

Според нивната логика, ако се уапси некој за корупција, тогаш тоа е знак за диктатура и затоа сметаат дека било добро што тие ја толерирале корупцијата. Ако мислат дека со вакви поенти си создаваат алиби, се лажат дека тоа ќе им помине.

Ова е шизофрена ситуација во која СДСМ ги оспорува сите постапки на институциите во правец на борба против корупцијата.

Ако некој е синдикален лидер или носител на јавна функција не значи дека треба да му се дозволи да прави незаконски дела. Зошто СДСМ смета дека некој синдикален лидер е повреден од било кој обичен човек, работник, пензионер, земјоделец и слично?

Срамно е однесувањето на СДСМ.

СДСМ не говори за срамот и криминалот во кој личноста е влезена, што е резил за професијата која ја врши, туку дефокусира од суштината.

Овие лаги и конструкции на Зоран Заев СДСМ се само очајнички обид да манипулира со јавноста.

            Никола Груевски никогаш нема земено 1,5 милиони евра во готово. Заради оваа клевета тој покрена тужба против Зоран Заев и судот ќе биде тој кој што ќе одлучи кој ја говори вистината.

Зоран Заев е човекот кој избегна судење за криминал од 8 милиони евра во случајот Глобал, на начин кој сите го знаат, преку срамната аболиција од страна на Бранко Црвенковски.

 

ВМРО-ДПМНЕ повторно сака да предложи до СДСМ изменa на Законот за кривична постапка, во која ќе се овозможи СДСМ да направи листа кој може, а кој не може да се апси во државава.

(Интегрален текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

08.05.2014 - 12:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа