Цвета македонскиот извоз

Од Македонија годинава се извезувало над 80 отсто повеќе во споредба со минатата година, а само во месец април има зголемување на извозот од околу 100 милиони евра, вели за Курир директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо. 

Дека Македонија доживува најголем историски извоз на индустриски производи досега, говарат и податоците од Државниот завод за статистика, според кои, во првите три месеци од годинава извозот бележи зголемување од 17, а увозот  13 отсто.

Зголемувањето на извозот, според Мизо, најмногу се должи на странските инвестиции, кои не само што помогнаа во раздвижување на економијата и намалување на невработеноста, туку ја променија и структурата на извозот.

- Во првите 4 месеци од годината вкупниот извоз од зноите достигнува бројка од околу 350 милиони евра, а тоа најмногу се должи на втората фаза на Џонсон Мети која е функционална, Џонскон Контролс во Штип, Ван Хол, но истовремено и Кемет Електроникс кој работи со полна пареа, посочи Мизо во изјава за Курир.

Она што е битно, посочи тој, е што има зголемување на извозот од околу 100 милиони евра само во месец април.

Тоа според Мизо, значи дека сме на пат да ја преминеме планираната бројка од околу 1,2 милјарди евра извоз од зоните до крајот на годината.

- Никогаш досега не сме имале 350 милиони извоз во период од 4 месеци, историски најголем е извозот во овој период и сметам дека истовремено историски најголем ќе биде извозот и од Македонија, бидејќи самата контрибуција на овие зони минатата година беше околу 25 проценти и сметам дека оваа година има можност да се надмине тој процент на контрибуција на извозот од зоните, доаде Мизо.

Според универзитетскиот професор и економскиот експерт Томе Неновски податокот објавен од  ДЗС е исклучително висок, потенцирајќи дека зголемувањето од 17 проценти за еден квартал е највисок извоз што го имала Македонија во изминатите години.

- Податоците кои деновиве беа објавени од ДЗС во врска со поразот на извозот се надоврзуваат на податоците кои претходно ги добивме за повеќе месечното зголемување на индустриското производство, изјави Неновски за Курир.

Според Неновски, карактеристично е тоа што од месец во месец растечкиот извоз овозможува да се зголемува и покриеноста на увозот со извозот, кој во февруари изнесувал околу 45,1, а во март достога до 65, 6 отсто, што, како што нагалси Неновски, неможе а да нема позитивно влијание врз поразот на БДП во Македонија.

Тој додаде дека над 80 отсто од извозот е пласиран во змејите од ЕУ.

- Растечкиот извоз покажува тенденција на замирање на кризниот период во Македонската економија и податоците потврдуваат дека и нашите стопанственивци се ослободиле од стегите на кризата и пронашле нови пазари, посебно за Западна Европа.  Најсилно влијание врз целокупниот извоз има извозот на катализатори што се користат за потребите на автомобилската индустрија, железо,челик па дури и облеката. Особено е значајно што текстилот повторно се пласира на пазарите во западна Европа, заклучи Неновски.

 

 

08.05.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега