Т-Хоме и Т-Мобиле остануваат лидери на пазарот во Македонија

Македонски Телеком и Т-Мобиле остануваат на водечката позиција и во првиот квартал од 2014 година. Продолжува трендот на пораст во интернет и IPTV сегментот, а се намалуваат приходите од говорните услуги.

Во текот на првиот квартал од 2014 година, приходите од продажба на ниво на Групација изнесуваат 2.650 милиони денари што претставува намалување од  13,4% во споредба со истиот период во 2013 година. Оперативните расходи, во првиот квартал од 2014 година се намалени за 15% споредено со истиот период од минатата година, додека вкупните капитални инвестиции (CAPEX) изнесуваат 150 милиони денари. Нето добивката пред оданочување е намалена за 11% во споредба со истиот период од минатата година

Но, и покрај негативните трендови Македонски Телеком според интерните проценки зазема 66% од пазарот во сегментот на фиксна телефонија и 52,2% во широкопојасен интернет.

Наспроти падот на приходите од говорните услуги, приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол (IPTV) се зголемија за 3,8% во споредба со истиот периодод минатата година.  

Фокусот на double и triple play пакетите донесе зголемување на DSL корисниците за7,2% со што корисничката база на DSL во првиот квартал на 2014 година е 189 илјади корисници.

Македонски Телеком има најголем удел на ТВ пазарот од 21, 7% (интерна проценка). Бројот на IPTV корисниците е пораснат за 26,8% во споредба со истиот период минатата година. Како резултат на квалитетната услуга, интерактивноста и единственото ТВ искуство, корисничката база достигна  91 илјада корисници. 

Во мобилната телефонија и покрај силното конкурентно опкружување Т-Мобиле Македонија останува лидер на пазарот со 47,2% удел (интерна проценка) и 1,2 милиони корисници.

Приходите од говорните мобилни услуги се намалени за 21,7% како резултат на намалувањето на тарифите. Продолжи трендот на зголемено користење на мобилните услуги, при што во пакетите за иста цена се опфаќаат сé повеќе минути. Тоа резултираше со зголемување на бројот на минути на користење (MOU). Следствено забележан е пад на просечниот приход по корисник (ARPU) за 21%.

Приходите од неговорни услуги се намалија за 13,1% во споредба со претходниот период, како резултат на помалиот број на испратени СМС, намалените интерконекциски цени на СМС како и приходите од содржини.

Падот на овие приходи е делумно компензиран  со зголемените приходи од мобилен интернет и зголеменото користење на податочни тарифни модели, се вели во соопштението од компанијата.   

 

 

08.05.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега