Албански експерти: ВМРО-ДПМНЕ да го земе Ахмети во Владата

Груепа албански експерти апелираат до политичките партии ДУИ да биде дел од новата влада. Велат дека секое политичко етикетирање на нивниот апел, ќе било бепсредметно.

Апелот го пренеесуваме во целина

„Ние, група на подолу потпишани интелектуалци, мотивирани од постизборната ситуација, сметаме дека е потребно со овој апел да го дадеме нашиот придонес кон рационални политички решенија, како во формирањето на идната Влада, така и во други случаи во интерес на земјата.

Без сомнение овој апел треба да се сфати во вистинска смисла, непристрасно и принципиелно.

Некои од нашите индивидуални ставови за неоправданоста што се предизвика од овие предвремени избори се познати. Сепак тие се случија и сега треба да се менаџира нивниот исход. Секој обид за пристрасно етикетирање на овој апел со одредени политички субјекти однапред е безпредметен.

ВМРО-ДПМНЕ како најголема победничка партија на која според Уставот и важечките закони ќе и припадне мандатот за формирање на новата Влада, почитувајќи ја веќе изградената практика, се очекува да повика и политичка партија која ги претставува Албанците во формирањето на Владата.

Сметаме дека во последните неколку денови, исто како и пред изборите, имаше и има различни настапи на политичките партии кај албанскиот и македонскиот кампус што создава конфузија и кои на прв план имаат исполнување на индивидуалните или групните амбиции, оставајќи ги во втор план националните и државните интереси, како и правејќи постапки кои се во спротивност со основните принципи на претставничката демократија.

Ако Албанците ја немаат во власта партијата за која како мнозинството се определени, тие всушност остануваат без најосновниот определувач на својата политичка волја, остануваат без нивниот ориентир на нивното политичко однесување, односно го немаат основниот критериум на нивниот политички статус.

Во овие околности, ја користиме можноста да ги повикаме сите политички субјекти, особено ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, да се однесуваат во согласност со добиениот мандат, како и на нашите меѓународни пријатели да го олеснат овој процес кон стабилизирање на демократијата и зајакнување на меѓусебната доверба, и така кревка во оваа мултиетничка држава.

Посебен апел упатуваме до НАТО и ЕУ, во овие одлучувачки моменти да не дозволуваат сето тоа што е изградено со години и со нивната посветеност и инвестиција, да се доведе во прашање. Оваа мултиетничка држава не смее да влезе во непредвидливи политички и безбедносни турбуленции, затоа има потреба за вашата поддршка, што поскоро да ги исполни условите за членство во овие организации, како стратешка ориентација за кој имаме граѓански и етнички консензус.

Бараме од ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати одлуката на албанскиот народ со толкава сериозност колкава и за волјата на македонскиот народ, и да ги почитува барањата на албанскиот народ произлезени од овие избори преку победничката партија во албанскиот политички табор.

Бараме од ДУИ во ниеден случај да не ја погази волјата на 153.000 гласачи, кои ја поддржуваа неа и да не прифати инфериорна позиција во Владата, и пред сè да не ја презира оваа волја станувајќи инструмент на некоја македонска партија без оглед на притисоците, уцените и различните политички игри, кои можат да се играат со некоја друга партија, која ја нема волјата на албанскиот народ. Нема изговор што може да го оправда отстапувањето од ветувањата, се додека ја има толку силната поддршка од албанскиот народ. Не се прифатливи какви било оправдувања за отстапување од изборната програма и уште помалку оние од политичките уцени од кого било. Врз основа на принципите со кој е добиена поголемиот дел од политичката поддршка треба да остане консеквентна за учество во власта. Но, се разбира дека оваа доверба треба да се стави во функција на зајакнување на меѓусебната доверба на владините партнери ангажирајќи се и во намалување на тензиите меѓу Албанците кои се зголемија за време на изборната кампања.

Очекуваме ДПА да ги почитува 66.000 албански гласови и да има важна и конструктивна улога во политичките процеси во согласност со националните и државните интереси. Политичката синергија треба да биде во функција на нашите национални цели и на интересите на граѓаните. Албанските гласови така како што се добиени со одредени политички програми треба да ги зајакнат албанските позиции за кои сметаме дека се драстично релативизирани. Секое отстапување од оваа улога одредена од албанскиот гласач ќе се смета за уцена на процесот, кој несомнено ќе резултира на штета на Албанците.

Одлуката на народот е и треба да остане над кој било партиски или поединечен интерес.

Ние долупотпишаните, сме убедени дека Република Македонија ќе забележи напредок и политичка стабилност, само ако се управува со програмите на партиите кои го добиваат мнозинството во двата политички табора; во македонскиот и албанскиот табор. Овој вид владеење ќе се зајакне доколку следната Влада остане цврсто на стратешкиот курс - полноправно членство во НАТО и ЕУ.

 

На крајот, сакаме да истакнеме дека пред политичките субјекти стои голема одговорност, поради многубројните внатрешни предизвици и на меѓународен план. Оваа одговорност не може да ја сноси една Влада која нема да ја одрази волјата на граѓаните изразена во последните парламентарни избори.“ - стои во апелот

На апелот се потпишани Група Академици Албанци, Али Алиу, Алајдин Абази и Абдулменаф Беџети, Ректорот на ДУТ,  Проф. Вулнет Амети, Претседателот на Стопанската Комора на северозападна македонија г. Мендерез Кучи  заедно со група интелектуалци, г. Џевдет Хајредини, г. Насер Зибери, г. Исмет Рамадани и г. Алберт Муслиу

08.05.2014 - 13:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа