Македонските тенисери убедливо ја совладаа Албанија

Македонската тениска репрезентација ја постигна и втората победа на мечевите од Трета Европска зона во Дејвис купот што се игра во Сегедин, Унгарија. Денеска со убедливи 3-0 беше совладана Албанија.

Во првиот сингл меч Шендрит Деари го победи Арбер Сулстарова со 6-2 и 6-1 во гемови.

Димитар Грабул во вториот сингл дуел славеше против Генајд Шипеја со 6-0 и 6-1.

Во игра на двојки Бојан Јанкуловски и Томислав Јотовски ги победија Пелуши и Шипеја со 6-0 и 6-2.

Утре македонските тенисери имаат слободен ден, а в сабота против Турција го игра мечот за влез во Втората Евро-афиканска зона. 

08.05.2014 - 16:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега