Заев призна кои му се „душманите“ внатре во СДСМ

Заев конечно, на два дена пред Конгресот на СДСМ призна кои му се „душманите во партијата. Во интервју за Нова тој со име и презиме кажа кој во партијата не се согласува со неговата политика. рече дека не е изненаден и дека не им се лути.

„Нема место за лутење, демократски е да има различни мислења. Не сум ни изненаден, и други мои другари во партијата не ми искажаа доверба на ЦО. Тоа се Горан Минчев, Андреј Петров, Ана Павловска Данева, Јани Макрадули и уште неколкумина. Тие се мои партиски другари и јас апсолутно го почитувам нивниот став без разлика што не ми е во корист. Конгресот в недела ќе покаже дали ќе продолжиме по патот по кој сме тргнале, делегитимирање на оваа забегана власт.“ - рече Заев за Нова.

Во интервјуто тој уште еднаш потенцираше дека на Конгресот во недела нема да има неизвеснот и дека веќе се знае дека тој ќе ја добие довербата на сопартијците.  Тој рече дека меѓународниот фактор не му врши притисок на ССМ да се врати во Собранието и да го прекине бојкотот и  потенцираше дека добил уверувања дека токму меѓународната заедница ќе биде таа која ќе изврши притисок врз Груевски да ги прифати неговите услови. 

Press24 во неколку наврати пишуваше дека во СДСМ има големи несогласувања меѓу пратениците од претходниот состав и новото раководство. Една од замерките кои тие му ја дадоа на Заев беше токму вербата дека меѓународната заедница ќе прави притисок врз избраната власт.

Ваквиот став на Заев според екепсертите е само капмања која лидерот наСДСМ си ја води пред гласањето на довербата во Конгресот. 

08.05.2014 - 21:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега