Владата распиша оглас за управители на Фондот за иновации

Владата на Република Македонија денеска распиша оглас за пријавување интерес за ангажирање лица за раководни позиции, односно управители на Фондот за иновации и технолошки развој.

Се бараат директор, членови на управен одбор и на Комитетот за одобрување на инвестициите.

- Нашата интенција е тоа да бидат професионалци што се докажани во својата област и кои извршувале работи во полето на иновациите, имаат  верифицирано образование, познавање странски јазици и го познават реалниот бизнис сектор, рече Ѓорѓиев на денешната прес-конференција.

- Апелираме да аплицираат што поголем број кандидати за да може да управуваат со овие раководни позиции и да дадат поддршка на бизнисмените во Македонија, да дадат отвореност за нивните идеи да ги поддржат, да ги финансираат и на тој начин да помогнат во економскиот развој на Република Македонија, но и овозможување на што поголем број работни места, рече Ѓорѓиев.

Фондот, додаде Ѓорѓиев, ќе има задача да биде централно тело во рамки на политиката на иновации, ќе извршува голем делокруг на задачи предвидени во рамки на неговата дејност, меѓу другото тој ќе врши помош и поддршка,  советодавна, но и финансиска на сите новоотворени компани кои ќе побараат помош, советодавна и финансиска поддршка во рамки на иновацискиот пристап на компаниите што реализираат определени иновации и ги применуваат во рамки на својата дејност и ќе ги поврзува домашните компании со странските платформи кои финансираат развој  на иновациската дејност.

- Во перидоот додека државата го финансира развојот на Фондот ќе се финансира основање на стар ап компании и на иновации со грантови до 10 илјади евра, комерцијализација на иновациите изработени од страна на домашните компании со поддршка до 30 илјади евра и еквити и мезанин фондови со поддршка до 80 илјади евра, а по стекнувањето на право да се користат и надворешни извори овие дејности ќе бидат зголемени. Прагот на финансирање ќе биде зголемен двојно, а ќе бидат предвидени и дополнителни дејности, појасни портпаролот на Владата Ѓорѓиев.

најчитано сега