Земјотрес од 7 степени го стресе Тонго

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска островската држава Тонго, која се наоѓа во јужниот дел на Пацификот.

Епицентарот на земјотресот е лоциран на 282 километри југозападно од претстолнината Нукуалофе, на длабочина од 171 километар, соопшти Американскиот геолошки завод.

 

По четири часа земјата ја погоди уште еден земјотрес, со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала, на длабочина од 103 километри.

Земјотресот ги тресел куќите, се искршиле прозорци, но без човечки жртви и без поголема материјална штета. Не е издадено ниту предупредување од цунами.

најчитано сега