Ставрески: Потврдениот рејтинг од S&P добар сигнал за нови инвестиции

Потврдениот стабилeн кредитен рејтинг на Македонија од агенцијата Стандард и Пурс  е добар сигнал за нови инвестиции, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- S&P е една од трите најголеми рејтинг агенции во светот и нивната потврда на кредитниот рејтинг која ни ја соопштија денеска е секако добар сигнал дека македонските политики се добро поставени вклучително нивото на долгот кое е оценето како умерено, фискалната политика, монетарната политика, банкарскиот сектор, но и подобрување на состојбите со невработеноста каде имаме намалување на невработеноста, изјави Ставрески, при денешната посета на Пробиштип.

Сето тоа помогна во вакви релативно тешки времиња, кога во други земји, како Хрватска, Украина,  итн... се намалува рејтингот, на Република Македонија и е потврден рејтингот. Го задржавме стабилниот рејтинг и тоа е добар сигнал и за странските инвеститори, но и за домашните инвеститори дека може да сметаат на предвидливи и добри услови за работа, рече Ставрески.

09.05.2014 - 14:15
Фото: 
Влада
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега