Владата го осуди оштетувањето на Музејот на албанската азбука

Владата на Република Македонија најостро го осудува вандалскиот чин и оштетувањето на Музејот на албанската азбука во Битола, вели во писмената изјава за медиумите владиниот портпарол,  Мухамет Хоџа.

Институциите на системот, како што посочува Хоџа, ќе ги преземат сите неопходни мерки за расветлување на случајот, наоѓањето на сторителите и нивното изнесување пред лицето на правдата.

- Истовремено Владата ќе ги презема сите неопходни мерки за репарирањето во најкраток временски рок на предизвиканите штети и на објектот, кој е со голема историска вредност,  со цел да биде вратен во првобитната состојба, вели Хоџа.

најчитано сега