Сообраќајот се одвива без проблеми

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно по суви  коловози. Во клисурите и усеците се можни поситни одрони, особено на патните правци: Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес. Екипите на ЈП Македонијапат редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Поради изведување градежни работи на пат на патниот правец Прилеп-Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200м. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. Можни се кратки застои во одвивање на сообраќајот.

 

На патниот правец Маврово- Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот се одвива по две коловозни ленти ( каде е направен бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

Информација за движење на патниот правец Р104 Скопје-Македонски Брод, преку н.п.Јасен од 1 Април 2013 година: Скопје-Македонски Брод од 06:00-09:00 часот и од 16:00-18:00 часот / Македонски Брод-Скопје од 05:00-06:00 часот и 18:00-20:00 часот.

 

На патниот правец Гостивар-Маврово во близина на Ново Село поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента регулиран со семафори.

 

На патниот правец Д.Капија-Удово кај тунелите се извршуваат градежни работи на пат. Сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. Можни се кратки застои во одвивање на сообраќајот.

Поради оштетување на мостот број 9 на реката Вардар, патниот правец Неготино-Лакавица е забранет за секаков вид сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино- Криволак-Пепелиште но само за лесни возила.

ФОТО: Сител

најчитано сега