Преговорите продолжуваат - ДУИ попушти и се откажа од претседателското место во Собранието?

Ахмети попуштил во своите барања и се откажал од барањето Албанец да биде претседател на Собранието, јавува опозицискиот портал Либертас повикувајќи се на партиски извори. Според овој медиум, ваква одлука панала на вечерашното Централно претседателство, највисок патиски орган на ДУИ.
Либертас пишува дека седницата поминала во тензична атмосфера во кавги и високи тонови. 

Претходно, медиумите кои известуваат на албански јазик објавија дека ДУИ ќе остане цврсто на своите позиции и дека е подготвенада не влезе во навата владина коалиција доколку не се прифати сипкерот да биде од нивните редови и преку деовнички измени да му се овозможи седниците да ги води на албански јазик. 

Според информациите од ВМРО-ДПМНЕ кои ги објавија повеќе медиуми, најголемата партија во земјава утрена конститутивната седница закажана за во 13 часот повторно ќе го предложи Трајко Вељаноски за за претседател на законодавниот дом. 

10.05.2014 - 00:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега