Повторно сообраќа возот Скопје - Солун

Грчкиот патнички воз „Хелас“ од денеска  повторно сообраќа на железничката линија Солун, Скопје и Белград.

Од Скопје за Солун возот тргнува во 5:15 часот наутро, а пристигнува во 11:16 часот по локално време. Тргнувањето од Солун е во 15.52 часот, а пристигнувањето во Скопје во 19.50 часот.

Цената на билетот во една насока од Скопје е 12,2 евра, а на повратниот билет 19,5 евра. Според најавите, од 10 мај до 10 јуни билетите за сите патници ќе бидат поевтини за 30 проценти.Од Белград возот ќе пристигнува во Скопје во раните утрински часови, а оттаму ќе тргнува во 18:15 часот.

Меѓународниот воз Солун-Скопје-Белград не сообраќа од февруари 2011 година, откако грчките железници донесоа еднострана одлука за укинување на оваа линија. 

10.05.2014 - 10:12
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега