Македонец убил разбојник во Белград за да си го заштити семејството

Македонецот Сашко Богески пред три дена уби разбојници во Белград за да си го заштити семејството, пишува Канал 5.

Имено, тој во вторникот во центарот на Белград го нападнал разбојникот Владо Маниќ кој упаднал во неговиот стан. Маниќ, кој, како што пишува српскиот Телеграф, зад себе имал 50 криминални дела, преку прозор влегол во станот на Богески и го нападнал со шрафцигер.

Сега, граѓаните на Србија свесни дека секој би направил вакво нешто во самоодбрана потпишуваат петиција Македонцот да биде ослободен од 30-дневниот притвор кој му е одреден, пренесе Канал 5.

најчитано сега