Официјално: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја договорија новата Влада

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како партии кои ја добија најголемата доверба на граѓаните, одлучија да формираат ново парламентарно мнозинство.

 

Партиите, согласно своите прогрмаски определби и изборни ветувања одлучија главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата, изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции.

 

Оттука ќе се формира и заедничка мешовита работна група од двете партии, за помагање, подршка и проценка на работата на владата и ресорните министерства вклучени во евроатлантскиот интегративен процес.

 

Економските ресори во владата, советот и соодветните владини институции ке работат со засилена динамика на зацртаните економски цели.

Во периодот кој следи, а согласно програмските и утврдените постулати, особено до самитот на НАТО и Министерскиот совет на ЕУ, претставниците на оваа работна група ќе ги информираат редовно партиите за постигнатите резултати, и спроведените чекори, мерки и реформи на основа на што тие ќе одлучат за понатамошните чекори и постапки на  партиите кои ја сочинуваат владата.  

 

Преговарачките групи на двете партии продолжуваат да работат на усогласување на принципите врз основа на кои ќе функционираат партнерите во владата како и за поделба на ресорите.

 

 

Партиите при договарањето на оваа коалиција пред се ги имаа интересот на граѓаните за овие прашања,  како и контекстот на времето и моментот во кој се наоѓа Република Македонија, регионот но и пошироко.

(Интегрален текст од заедничко писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ)

10.05.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега