Вардар ако го добие Охрид денеска ќе брка титула и против Металург

Ракометната екипа на Вардар денеска најверојатно ќе одигра два натпревара од Купот на Македонија. „Црвено-црните“ најпрвин за противник во својата квалификациска група го имаат тимот на Охрид. Почетокот на дуелот е во 13 часот и се игра во СРЦ „Кале“.

Победникот од овој дуел, а се очекува да биде фаворитот Вардар во терминот од 19 часот истотака во СРЦ „Кале“ ќе игра против тимот на Металург Јуниор. Поуспешниот тим ќе избори пласман во полуфиналето на Купот на Македонија.

Во завршницата од Купот на Македонија што ќе се игра овој викенд (17 и 18 мај) во Охрид веќе се пласираа ланскиот победник Металург, кој вчера во салата „Автокоманда“ го победи Пелистер со 32:28 и од претходно Зомимак М и Пролет.

Извлекувањето на полуфиналните двојки ќе биде извршено утре.

13.05.2014 - 10:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега