РФМ му ја изрече казната на Металург за инцидентите на мечот со Вардар

Дисциплинската комисија на РФМ му изрече казна на предводникот во македонската Супер лига, тимот на Лино Червар, Металург со играње на еден меч на домашен терен без публика. Дополнително тимот од Авто Команда треба да плати казна од 150 илјади денари.

Ваквата казна следеше поради прекршувањата на одредбите од членот 106 во Дисциплинскиот правилник на РФМ. 

Казната следува откако на мечот против Вардар во рамките на 6-то коло во салата Автокоманда биле забележани фрлање на ролни и останати предмети на теренот за игра; користење на запаливи материи за време на натпревар; пушење во салата за време на натпреварот; влегување на гледачите на терен за време на натпревар; навлегување на гледачите на терен по завршетокот на натпреварот и напад од членови на клубот или делови и поединци од навивачка група или навивачи, на членови на противничкиот клуб или делегат и комесар на натпреварот, или судија на натпреварот.

 

14.05.2014 - 13:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега