Платете ги заостанатите сметки за вода во следните 45 дена без камата

ЈП „Водовод и канализација“- Скопје им дава можност на граѓаните во следните 45 дена да ги платат своите заостанати долгови, редовни и тужени, без камата. Ова на денешната прес-конференција го соопшти в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје Бојан Василевски.

- Договорите на рати се склучуваат на нотар, а нотарските трошоци се на товар на претпријатието, појасни Василевски и додаде дека ќе им овозможат на сите бесправно приклучени корисници на водоводниот систем да можат бесплатно да се евидентираат или да се легализираат дивите приклучоци. Периодот за легализирање на дивите приклучоци е 45 дена или до крајот на јуни.

- Граѓаните ќе треба да приложат документ за сопственост или некоја друга сметка која ја плаќаат и да поднесат барање до претпријатието, рече Василевски. Досега граѓаните за оваа услуга плаќаа 7.080 денари.

Васиелевски апелираше водата да се користи рационално и да се плаќаат сметките на време. Плаќањето ќе се изврши на благајната благајната во претпријатието, во целост или со склучување договор на рати.

14.05.2014 - 14:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа