Канческа-Милевска до Вања Лазаровска: Горди сме на вашето творештво

Продукцијата „Трето уво“ поднесе иницијатива наградата „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата да и биде доделена на пејачката-доајен на македонската народна песна Вања Лазарова.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со менаџерот на „Трето уво“ Иво Јанкоски, денеска ја посети Лазарова во дом за стари лица во Скопје во кој таа живее.

- Многу имате направено за нашата држава и за нашата култура и музика, огромна е Вашата поддршка за промоција на Република Македонија. Сите сме горди на Вашето творештво и идните генерации ќе живеат со Вашите песни. За тоа Ви се заблагодарувам лично и од име на Владата и премиерот. За се што Ви треба тука сме и може да ни се обратите, рече Канческа-Милевска.

Јанкоски истакна дека Лазарова е меѓу ретките македонски пејачи на кои пеењето, како што рече,  им е својствено како и дишењето. Соопшти дека иницијативата за „11 Окртомври“ за животно дело  е веќе поднесена до Одборот за доделување во Министерството за култура.

- Документацијата е обемна и е собрана во консултација со семејството на Вања, зашто голем дел од нејзиниот минат труд е во архивите на „Трето уво“, но добар дел е во нејзината приватна архива. Сето тоа мораше да се собере и координира и конечно е комплетирана и предадена. Верувам дека ќе биде позитивно оценета. Со Вања имавме долга соработка. Издадовме три албуми: „Македонски традиционални љубовни песни“, „Ритмистика“ и „Лулка“. Имавме големи настапи на европскирте сцени, бевме во Италија, Полска итн. И навистина ми е чест и сум горд што сум соработувал со еден ваков уметник. Последниот концерт го имавме на фестивалот „Балкан мјузик сквер“ во Охрид на Античкиот театар во 2010 година. Тоа беше голем солистички, целовечерен концерт и помина одлично пред полн аудиториум, рече Јанкоски.

14.05.2014 - 16:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега