ФОТО: Џиновски дождовен облак снимен над Европа - во центарот покриени Македонија и Србија!

Вселенската агенција НАСА денеска објави фотографија на Европа направена од вселената, на која се гледа огромен дождовен облак кој го покрил речиси целиот континент. Во центарот се наоѓа Македонија. 

Обилните врнежи кои се случија денеска особено беа присутни кај нашиот северен сосед Србија, каде беа предизвикани поплави. 

Штабовите за одбрана од поплавите ширум Србија се во подготвеност, а досега во осум општини - Ваљево, Љига, Лајковци, Горно Милановци, Уба, Обреновци, Коцељеви и Гроцкој, е прогласена вонредна состојба. 

 

14.05.2014 - 18:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега