Вељаноски до Чичек: Жалам за трагичната загуба

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска испрати писмо со сочувство до претседателот на Големото Народно Собрание на Република Турција, Џемил Чичек за трагичната загуба на човечки животи во несреќата во рудникот во Сома.

- Во свое лично име и во името на пратениците на Собранието на Република Македонија да искажам длабока жалост за трагичната загуба на човечки животи во несреќата во рудникот во Сома, наведува Вељаноски во писмото.

Изразувајќи сочувство, Вељаноски вели дека со мислите се со семејствата на загинатите и повредените и со целиот турски народ

15.05.2014 - 11:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега