Дали СДСМ се враќа во Собранието?

Дали СДСМ ќе се врати во Собранието и како партијата ќе постапува понатаму. Според најавата на лидерот Зоран Заев, Извршниот одбор денеска треба да ја донесе конечната одлука за тоакако опозицијата ќе постапи во периодот кој претстои. 
Заев вчера во изјава за медиумите рече дека СДСМ се соочува со правни проблеми по верификацијата на мандатите во Собранието, односно, пратениците кои добија мандат ги губат своите работни места бидејќи пратеничката функција е неспоива со било каква друго работно место.

Се очекува опозицијата да донесе одлука за тужба до Ушравниот суд со која ќе бара стопирање на одлуката за верификација на мандатите. 

Исто така се очекува да се донесе одлука и за тоа дали и кога опозициските пратеници би му ги испатиле своите оставки на Собранието, бидјеќи тоа е единствениот начин да ги вратат мандатите. 

Извршниот одбор на СДСМ според најавите започнал во 11 часот. За сега партиските извори не излегуваат со никакви информации.

15.05.2014 - 11:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега