Какви избори би признале во СДСМ?

Физички пресметки, бркање меѓународни набљудувачи, заплашување со оружје, фалсификување. Сето ова за СДСМ претставува фер избори, ако се земе во предвид извештајот на ОБСЕ за изборите во 2004 година, кои за СДСМ беа демократски и покрај бројните забележани нерегуларности од страна на меѓународните набљудувачи, кои потоа беа нотирани. 

pistol

Навраќањето на извештајот на меѓународните набљудувачи пред 10 години отвора прашање за издржаноста на одлуката на лидерот на СДСМ Зоран Заев да не признае изборен процес, за кој истиот фактор сега даде позитина оценка, каратеризирајќи го како професионален и ефикасно спроведен, без поголеми нерегуларности.

Полнење кутии, заплашување, тензии, вишок на гласачи беа само дел од забелешките на ОБСЕ. Меѓу останатите забелешки од извештајот на ОБСЕ за изборите во 2004 кога Бранко Црвенковски победи и кои СДСМ ги призна за демократски, се и тие за физички премсетки, бркање меѓународни набљудувачи, заплашување со оружје.

-Постојат извештаи за вооружени лица во регионот околу Скопје,  а беа пријавени и физички пресметки на три избирачки места. Меѓународните набљудувачи беа спречени да набљудуваат на неколку избирачки места Постоеја инциденти на гласање за други лица на 26 гласачки места, а биле увидени и силни индикации на полнење на гласачки кутии на 11 гласачки места . На две гласачки места набљудувачите директно биле сведоци на чин кога член на Избирачкиот одбор фалсификувал потписи во извадокот од Гласачкиот список . Треба да се истакне дека во 6% од набљудуваните галсачки места, гласачите ниту се потпишувале ниту оставиле отисок во Гласачкиот список, забележано е во Извештајот на ОБСЕ за изборите во 2004 година.

ОБСЕ исто така евидентирал и групно гласање на гласачките места , кое одеше и до 20% во етнички албанските области. Избирачкиот одбор не ги пребројувал гласачките, ливчиња , што е условено со закон. Во некои случаи биле додавани потписи во гласачкиот список за да исправи проблемот.

-Процесот беше сериозно нарушен со преполнување на кутии,  гласање за други лица и заплашување. Бројни случаи на преполнување на гласачки кутии беа  пријавени во регионите покриени од Општинските изборни комисии во Дебар ,  Гостивар, Кичево, Гази Баба, Струга, Куманово, Центаr, Чаир, КиселаВода, СтругаиТетово.  Во некои избирачки места гласачите активно биле обесхрабрувани да гласаат. Во други пак,  заплашувањето било насочено против членовите на Избирачките одбори,  домашните набљудувачи и претставниците на кандидатите, потенцираа од ОБСЕ.

Меѓународните набљудувачи известија и за намерно фалсификување на резултатите во 7% од избирачките места. Што е уште поважно , во 7% каде се набљудувало затворањето на гласањето и броењето, набљудувачите биле спречени целосно да ја извршат својата работа.

-Цврсти индикации за преполнување на гласачки кутии – драстично поголем број на издадени гласачки ливчиња во споредба со потписите во гласачкиот список или цели купчиња гласачки ливчиња заедно преклопени во гласачката кутија– беа пријавени во значителен број (4%) од сите набљудуваните избирачки места, стои во извештајот на ОБСЕ.

Во 2014 немаше ништо од ова, СДСМ не ги признава изборите

За разлика од ова, на изборите во 2014 година немаше забележано никаков физички инцидент, групно заплашување, ниту пак вооружени лица, никакво полнење на кутии, ниту фалсификување на ливчиња, сепак СДСМ не ги призна овие избори.

Генералнaта оценка на ОБСЕ/ОДИХР за овие избори е дека изборниот ден беше спроведен на непречен и професионален начин, со само некои технички нерегуларности.

Избирачките одбори демонстрирале добро познавање на процедурите за гласање, а кандидатите имале можност непречено да ја водат изборната кампања, додека слободите на собирање и здружување биле почитувани

САД и ЕУ: Изборите во Македонија спроведени уредно и професионално

Им честитаме на граѓаните на Македонија за исполнувањето на нивното право на глас на претседателските и парламентарните избори. Ја повторуваме првичната оценка на ОБСЕ дека изборите беа спроведени на уреден и професионален начин, со некои технички неправилности, изјави  Џен Псаки, портпаролка на американскиот Стејт департмент.

Канцеларија на ЕУ излезе со став декатие ја споделуваат оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори.

15.05.2014 - 13:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега