„На сигурно си“ - Кампања за заштита на личните податоци при осигурувањето

Дирекцијата за заштита на личните податоци во партнерство со 13 осигурителни компании и две брокерски друштва, а со поддршка на Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска ја почнува кампањата „На сигурно си!“.

Кампањата денеска ќе се спроведува во Скопје, во Градскиот Трговски Центар од 12 до 16 часот. Потоа следат Гостивар, Штип, Битола, Струга...

Ќе бидат организирани пет отворени денови на кои граѓаните ќе можат да се информираат за тоа дали осигурителните компании, осигурителните брокерски друштва,  осигурителните агенти и друштвата за застапување во осигурувањето имаат право да го обработуваат нивниот матичен број, да задржат фотокопија од лична карта или пасош, да ги откријат личните податоци на трети лица, да вршат директен маркетинг за нови производи, услуги, наградни игри... 

16.05.2014 - 09:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега