Признанија за истакнати Македонци од дијаспората

Истакнатиот балетски уметнички директор Градимир Панков, кој е директор на Големиот канадски балет од
Монтреал, е предложен за еден од 25-те најистакнати доселеници во Канада.

Списанието Канадски доселеник, кое го врши изборот, Панков гo  претставува како човек кој на врвот на “брилијантна европска кариера” во 1999 година ја преземал одговорноста за една од најзнаќајните канадски балетски дружини.

- Неговата страст за балетот, неговиот сон да изгради водечки балет, му даде нов живот на Големиот канадски балет и создаде платформа за меѓународна промоција на канадската култура, пишува во претставувањето на Панков, кој е номиниран во конкуренција на 75 канадски спортисти, писатели, бизнисмени и научници кои од целиот свет се доселиле во Канада. Минатата година Александра Настеска, еколошка активистка по потекло од Македонија, беше во конечниот избор на најистакнати доселеници во Канада.

Во меѓувреме, истакнатиот канадски адвокат со македонско потекло Крис
Палиер и Вона Битов, извршна директорка на Фондацијата Битов, ги добија годинешните награди за животно дело, односно за промоција намакедонското наследство на Обединетата македонска дијаспора.

- Овие два извонредни поединци преку нивната пионерска работа во правните и медицинските области, преку нивната филантропија и неуморната служба на заедницата имаат дадено многу за македонскaта заедница во Канада и го кренаа угледот на сите Македонци на глобално ниво, соопшти Мерилин Трентос, претседател на Фондацијата канадско –
македонски дом, која на 20 септември ќе организира свечен бал во чест
на Палиер и Битов.

Крис Палиер е еден од партнерите во правната фирма Палиер Роланд Розенберг Ротстеин и се смета за еден од врвните канадски правници во сферата на корпоративни судски постапки, хартии од вредност, управно право и класни постапки, именуван за еден од 50-те највликателни луѓе во Торонто во 2012 година. Во своите активности за поддршка на македонската заедница, тој се ангажирал во застапувањето на правата на Македонците од Грција пред ОБСЕ.

Вона Битов, најстарата ќерка на стопанственикот Џон Битов, преку фондацијата на нејзиното семејство е постојан поддржувач на активностите на македонската заедница во Канада и во светот, како и за
центри за борба против срцеви болести и деменција

16.05.2014 - 09:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега