Иванов телефонски до Николиќ: Македонија е подготвена и го чека вашиот повик

Претседателот на Репубика Македонија Ѓорге Иванов вчеравечер телефонски разговараше со српскиот претседател Томислав Николиќ, при што изрази жалење за изгубените животи и настраданите во невремето и поплавите кои ја зафатија Србија.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, порача дека Република Македонија е подготвена да понуди помош и да ги стави на располагање своите расположливи ресурси со цел справување со последиците од невремето.

Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно засилување на регионалната соработка и координирана акција во справувањето со природните несреќи и катастрофи, кои се во се поголем пораст, а со цел нивна превенција и ублажување на последиците, се вели во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател

16.05.2014 - 10:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега