Дождот направи штета во Малешевијата

Лошите временски услови го оневозможија садењето на компир  во Малешевијата. Огромните количества дожд ја презаситија почвата со влага и земјоделците не можат со тракторите и приклучната механизација да влезат во нивите.

- Во поранешните години до ова време сеидбата беше завршена. Годинава оптималните рокови за садење одминуваат, семенскиот материјал проникнува во визбите, а ние не сме ја ни започнале сеидбата, вели  Кире Свинарски од Владимирово, еден од рекордерите по производство на компир во Малешевијата.

Агрономите сметаат дека   се уште  не се изминати роковите за садење  и  им советуваат на земјоделците штом се создадат и минимални услови да се  почне со садењето, при што  препорачуваат да се засеат сорти со пократок вегетациски период.

16.05.2014 - 12:03
Фото: 
Дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега