Нема место за паника: Нема опасност од излевање на реки и акумулации во Македонија

Водостојот на најголем дел на реките и акумулациите во Република Македонија е под просечното ниво, освен реката Пчиња каде што нивото е за 1,5 повеќе од просечното ниво од месец мај. За ова денеска информираше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиски.

- Состојбата на реката Пчиња се следи на секои два часа добиваме информација од УХМР и доколку треба ќе се превземат дополнителни мерки. Во оваа фаза одиме со превентивни мерки на чистење на тесни грла, гранки околу мостовите, истакна Јанакиески.

Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со општините денеска ќе превземат превентивни мерки.

-Донесен е и заклучок да не се испуштаат дополнителни води од акумулациите во наредните два дена, бидејќи согласно информациите од УХМР денес и утре се очекуваат врнежи пред се во Северо западниот дел од земјата, кои нема да бидат со голем интензитет, рече Јанакиески, кој доаде дека од недела па се до крајот на месецот ќе преовладува сончево време со мали локални врнежи.

Министерот апелираше до општините Куманово, Старо Нагоричане и Петровец да ги ангажираат сите свои сили, а секако и останатите општини будно да ја следат ситуацијата во Р.Македонија.

16.05.2014 - 13:20
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега