Се отпуштаат уредници во „Њујорк Тајмс“ и „Монд“ - Дуња Мијатовиќ без реакција

Во речиси исто време, уредниците на два влијателни светски медиуми како француски „Монд“ и американски „Њујорк Тајмс“ беа заменети од Управата на весниците. Ваквиот чекор не предизвика никаква реакција од страна на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, која често знае да излезе со реакција или осуда доколку станува збор за случај во нашата земја или земјите од регионот. 

Џил Абрамсон, првата жена-главен уредник на најтиражниот американски дневен весник „Њујорк тајмс“, деновиве беше неочекувано отпуштена од издавачот Артур Шулцбергер, бидејќи таа дознала оти нејзиниот претходник на оваа позиција, Бил Kелер, имал далеку поголема плата и пензиски надомест.

Нов главен уредник на весникот е Дин Бакет, кој е првиот Афроамериканец на оваа позиција. Нетрпеливоста на Абрамсон и Бакет, кој повеќепати удирал по ѕидовите на канцеларијата и гневен ги напуштал состаноците со главната уредничка, беше наведена како уште една можна причина за смената на Абрамсон.

Слична судбина деновиве ја снајде и уредничката на францускиот весник „Монд“, Натали Нугеред која заедно со уште неколку главни уредници по неколку месеци несогласувања со раководството на весникот за реорганизација на редакцијата беа заменети од Управата.

Инаку, Весникот „Дневник“ неодамна анализираше дека британските „Сан“ и „Тајмс“воопшто не слушнале, ниту се заинтересирани за изјавите и функцијата на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите. Во изјава за „Дневник“ оттаму искоментираа дека им значи поддршката од медиумите во светот против одлуката на Kамерон да ја контролира нивната работа, но, за жал, немаат поим која е конкретната госпоѓа, која за „репресираните“ македонски новинари е икона.

И додека во Велика Британија е непозната личност, а воопшто не излегува ни со изјави како во сегашните случаи со „Монд“ и „Њујорк Тајмс“,  македонската јавност има можност во последно време, зачестено да ги слуша нејзините критики за „цензура во македонските медиуми“. 

16.05.2014 - 13:32
Фото: 
Новатв.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега