Голема помош од Македонија за Србија и БиХ

Владата на Република Македонија во рамки на своите можности ќе им помогне на Србија и Босна и Херцеговина по страотното невреме и поплави кои направија хаос.

Ова го истакна портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, кој гостуваше во дневникот на Сител.

- Денес од страна на Европската цивилна заштита добивме информации дека од нив било побарано помош од страна на Србија и Босна. Владата заседаваше, ги разгледавме можностите, наоправивме анализи.Понудивме помош до Европската цивилна заштита. 75 лица ќе отидат во Србија и Босна, меѓу нив специјалци од МВР и од министерството за одбрана, ќе испратиме  45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, чамци, кебиња, лекови и медицински персонал, рече Ѓорѓиев.

Во Македонија состојбата засега е стабилна. Нивото на Пчиња е над дозволеното, но во Македонија нема опасност од големи поплави. Надлежните будно ја следат сосотојбата.

16.05.2014 - 16:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега