Тешка кражба во црквата „Св.Илија“ во тетовско

Засега непознат крадец ја ограбил црквата „Св Илија“ во тетовското село Стенче.

СПоред информациите од полицијата, грабежот се случил на 15/16 мај, меѓу 21 и 15:30  часот. Крадецот украл 600 денари, една икона со ликот на Исус Христос стара околу 150 години и оштетил една икона, насликана 1869 година.

Крадецот влегол во црквата преку прозорецот на задната страна од црквата и од дрвено сандаче ги одзел парите. Потоа од олтарот ја симнал едната икона, втората се обидел да ја извади, но не успеал, туку само ја оштетил. Висината на материјалната штета дополнитено ќе биде утврдена. Тетовската полиција извршила увид на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

17.05.2014 - 14:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега