Ја покажа својата хумана страна- Били Ајдол дел од приходот од концертот ќе го уплати за Србија и БиХ

Фантастичниот британски пејач Били Ајдол уште еднаш ја покажа својата хумана страна. Тој најави дека дел од приходот од белградскиот концерт кој ќе се одржи на 25 јуни на Калемегдан ќе ги уплати на луѓето загрозени од катастрофалните поплави во Србија.

- Наскоро ќе имам концерт во Србија и се надевам дека со оваа донација барем малку ќе им помогнам на луѓето кои се погодени од поплавите, напиша славниот пејач на својот Твитер профил.

Били ги објави и броевите на кои може да се уплати хуманитарна помош за Србија повикувајќи ги своите колеги да помогнат.

19.05.2014 - 12:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа