Груевски денеска ќе го прими мандатот за нова Влада од Иванов

Премиерот Никола Груевски денеска во 15:30 часот во Вилата Водно е го прими мандатот за составување нова македонска Влада, информираат од кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов. 
 Груевски ќе има  20 дена да го достави составот  и програмата за работа на  владата. Откако ќе бидат  доставени, најдоцна  за 15 дена Собранието треба да одржи седница за избор на владата. Владата се избира со мнозинство гласови. СПоред пресметките новата македонска Влада би требало да биде избрана по 20 јуни

19.05.2014 - 13:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа