Ќе никне црква во селото Трстеник

Ќе се гради црква Свети Петар и Павле во росоманското село Трстеник.

Како што денеска соопшти градоначалникот на Росоман, ова иницијатвива ос  црковни луѓе и жители на  Трстеник.

- Формиран е петчлен црковен одбор, а отворена ќе биде и жиро сметка на која сите верници и хумани луѓе ќе можат да донираат во рамки на своите можности со цел побрза изградба на црквата. Јас лично донирам материјали за старт на работите на новиот верски објект. Понатаму градбата ќе се продолжи со донација на жителите и спонзорства, истакна Лазов.

Црквата ќе се гради на имот сред село кој досега беше приватен, но е преотстапен на МПЦ-ОА.

Ова ќе биде прва црква во селото со околу 215 жители.

19.05.2014 - 14:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа